Најавена уште една голема масовна сеча во реонот на Азот, во непосредна близина на мијачкото село Ореше во Општина Чашка. Селаните од ова село најавуваат жесток отпор против шумската мафија, соопштуваат од политичката партија Левица.
– Селаните од Ореше најавуваат жесток отпор и одбрана на своите кории од налетот на шумската мафија која под закрила на Ј. П. Македонски шуми и Ш. С. Горна Бабуна по завршениот тендер за сеча ќе започнат со организирана, масовна, неконтролирана и гола сеча во еден од најбогатитe реони со висококвалитетна шума во Р. Македонија.
Селаните од Ореше во отсуство на официјална заштита од надлежното Министерството за земјоделие, преку јавен апел на социјалните мрежи најавија жесток отпор сo самоорганизирање и мртва стража, со што им откажаа добредојде на тендерашките фирми кои годинава добија дозвола за убиство на шумитe од страна на Ј. П. Антимакедонски Шуми, велат од Левица.
Од политичката партија Левица бараат од Министерот за земјоделие Љупчо Николовски, итно да го поништи тендерот и да ja спречи најавената сеча што како што велат може да биде причина за сериозен конфликт!