Левица ги поддржа родителите во Чашка

Продолжуваат протестите на родителите на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка кои веќе трета недела ја бојкотираат наставата поради одлуката на Министерството за образование да се отвори албанска паралелка. Тие и натаму бараат оставка од директорката Елена Николова, која вчера морала да побара полициска заштита за да дојде на работното место.

Протестетите денес ги поддржа и партијата Левица и нејзиниот лидер Димитар Апасиев.

– Шпалир за директорката, предавниците имаат име и презиме, поддршка за родителите од Чашка, напиша Апасиев на својот Фејсбук профил.

Училиштето, според статутот е само за настава на македонски јазик и во населено место со Македонци и отворањето на ваква паралелка, според родителите, е насилно и незаконски.

Претходна вестБектеши: Нема да поскапи струјата од 1 јануари
Следна вестКовачевски: Можевме во Брисел да дојдеме како победници