„Левица“: Нашите пратеници и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци

Пратениците на Левица и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци, најавија од оваа парламентарна партија..

Пратеникот на оваа партија Борислав Крмов за ТВ Стар изјави дека тоа е нивна програмска заложба.

– На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати, изјави Крмов.

„Левица“ уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците во македонското Собрание.

-Но, овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС, потсетуваат од „Левица“.

Во соопштението се наведува дека лани се испалтени голени средства за оваа намена.

-Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366.000 евра во име на фамозните „патни трошоци“. Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 денари за патни трошоци, се наведува во соопштенеито.

Пред парламентарните избори во 2020 година СДСМ ветуваше дека ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието бидејќи тос систем покажал можност за злоупотреби. Се најавуваше дека Собранието ќе обезбеди станови од околу 50 м2 за секој пратеник да може да остане во главниот град во текот на неделата. Но ветувањето не беше исполнето.

 

 

Претходна вестАкција за собирање на кабаст отпад во Кисела Вода
Следна вестПолуматуранти славејќи запалиле училиште во Црна Гора