Левица: СДС и ДПМНЕ одлучиjа да трошат милиони на ТВ реклами, за дијабетичарите ниту денар повеќе

Широката коалиција СДС-ДПМНЕ доминираше во Собранието. Сложно си го изгласаа груевистичкиот Закон за поткуп на медиуми (со европско знаменце) + уште посложно го одбија предлогот на Левица да се гласа за Законот за дијабетичарите!“, напиша вчера на својот Фејсбук профил, пратеникот Апасиев.

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, минатиот ноември поднесоа 1.300 амандмани до собранискиот архив за Предлог – законот за аудио-визуелни медиумски услуги со што досега, овој закон беше блокиран токму од Левица.

За овој закон негодуваше и новинарската фела и тие се на ставот дека овој закон не е ништо друго, освен легално поткупување на медиумите за уредничка наклонетост кон власта, велат од Левица.

– Вчера, со исклучок на Левица, власта и опозицијата, предводени од СДС и ДПМНЕ, во Собранието на Р. Македонија, на пленарната седница ја изгласаа потребата да се донесат измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, со злоупотреба на европско знаменце, со што СДС и ДПМНЕ сложно се согласија да се даде зелено светло за носење на законско решение со кое ќе може со народни пари да се финансира наклонетоста кон властите преку националните телевизиите, за што повеќепати претходно алармираше Левица.

Нашите пратеници опоменуваа повеќе од една година, дека со овој закон, јавниот простор и слободната мисла ќе бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим на ДПМНЕ, овој пат сложно, како широка коалиција“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Од страна на Пратениците на Левица беше побарано на дневниот ред да се најде предлог законот за целосно снабдување на пациентите со препарати за Дијабетис.

Со тековниот текст од Законот, пациентите имаат право на цитостатици, инсулин и хормони за раст – нашите измени целат на потребите на пациентите со дијабетес. Со заколнските измени птредложени се надополнува Законот, па така за освен инсулин да стојат и апарати и ленти за мониторинг на гликемија, системи за континуирано мерење гликемија и инсулински пумпи за дозирање, коишто се многу битни, а и други работи како инсулински игли.

Претходна вестПриведени 4 лица во Битола, кај нив пронајдени дробилка, марихуана и пари
Следна вестДвајца кумановци истепале 29-годишник, па го ограбиле