Зад неискосената трева на подрачјето на општина Аеродром стои договор од 350.000 евра којшто градоначалникот Тимчо Муцунски го склучил со приватна фирма, обвини партијата Левица. Во соопштението од партискиот огранок од оваа скопска општина се наведува дека се работи за нова манипулација на Муцунски за трошење на народните пари.
-Општина Аеродром изминатиот период изгледаше како да се наоѓа во некоја афричка прашума поради неискосената трева. И покрај многубројните реакции на жителите преку социјалните мрежи, градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата администрација воопшто не излегуваа на терен и оставија тревата да порасне како никогаш до сега. Сега гледаме дека позади сета таа „неработа„ во позадина стоел договор со приватна фирма вреден 350 000 евра, се наведува во соопштението.
Ова партија јавно прашува: Што се случува со сезонските работници во општина Аеродром кои се плаќаат од парите на граѓаните? Дали намерно општината се доведе во ваква ситуација за да може манипулаторот Тимчо Муцунски да испумпува народни пари и ги оштетува жителите на општина Аеродром со штетни договори?, наведуваат од Левица.
Фото: ФБ Левица – Аеродром