На секој час десет казнети возачи, полицијата ја зголеми „нормата“ на скопското подрачје

Скопската сообраќајна полиција вчера изрекла невообичаено висок број на казни на градското подрачје. За најразлични прекршоци биле санкционирани вкупно 228 возачи, а што е значително повеќе од досегашниот просек од околу 100-150 санкции. Излегува дека во текот на изминатово деноноќие на секој час биле санкционирани по десет возачи.

-Во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје беа изречени вкупно 228 мерки за сообраќајни прекршоци. Од тие мерки, 28 санкции беа изречени за возење со повеќе од дозволената брзина, 24 мерки за возење без возачка дозвола и 16 мерки за возење под дејство на алкохол, с енаведува во соопштението.

Беа изречени уште 24 санкции за возачи кои не поседуваат возачка дозвола, 10 мерки за возачи кои го користат мобилниот телефон при возење, три мерки за возачи-почетници и 47 санкции за прекршоци направени од возачите на мотоцикли.

Министерството за внатрешни работи најави дека контролите на сообраќајот ќе продолжат и во идните денови. Апелот до граѓаните е да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестЛевица:  Зад неискосената трева во Аеродром стои договор од 350.000 евра со приватна фирма
Следна вестЗатворска казна од неколку години и се заканува на мајката на детето-убиец од Белград