„Левица“: Зошто власта ги крие вработените во Министерството за односи меѓу заедниците

Новиот министер за односи меѓу заедниците предложен од страна на ДПМНЕ, Иван Стоилковиќ, пред околу еден месец како дел од својата ПР – стратегија за тоа „колку работи“ новата Влада, до македонската јавност пред медиумите го покажа списокот на вработени во поранешното министерство на Артан Груби, којшто се чуваше како државна тајна. Идентитетот на тие вработени, власта продолжува да го крие, соопшти денеска „Левица“.

Ова опозициска партија за да ја истражи валидноста на оваа наводна транспарентност, испрати барање за информација од јавен карактер до Министерството за односи меѓу заедниците, за тоа кои се: раководителите, вработените и советниците во Министерството, а ги побара и нивните службени е-адреси, бидејќи противзаконски, не се достапни на веб-страницата на Министерството.

Потстеуваат дека Министерството за односи меѓу заедниците законски е обврзано во рок од 20 дена да даде повратен одговор за тоа кои се луѓето во тајност коишто добиваат плата од народниот буџет и што точно тие сработиле сите овие години претходно. Но, како и до сега, не добивме никаков одговор од новото раководство, заради што ќе биде поднесена соодветна жалба до Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Поради тоа, од „Левица“ прашуваат:

Зошто власта го крие идентитетот на вработените во Министерството за односи меѓу заедниците?

Евидентно е дека транспарентноста на новиот министер, Иван Стоилковиќ, е, единствено, за пред медиумите и истата наместо некакво решение, служи за дневнополитички поени коишто ја крепат ПР – стратегијата на ДПМНЕ.

-За жал, под привидот на некакви промени, најконтроверзното министерство, претходно раководено од Артан Грби, продолжува да функционира „како и до сега”, а списокот на вработени, бројот на луѓе што добивале плата без да одат на работа и останатите работи правени на сметка на граѓаните, засега, и покрај најавите за нивно расветлување, остануваат мистерија, наведуваат од оваа партија.

Претходна вестПротестна уметничко-скулптурална акција во Вардар како повик за изградба на пречистителна станица
Следна вестАД Пошта доби нови раководство, Орхан Куртиши генерален директор?