Личните документи да ги добиваме по пошта?

Личните документи да не мора се подигнуваат на шалтер, туку граѓаните да ги добиваат по пошта, на домашна адреса.

За ваква можност денеска разговарале министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот директор на АД „Пошта“, Јани Макрадули.

Во соопштението од МВР се вели дека ќе се формира работна група која ќе види кои се пречките за ваква достава, a и можните предизвици.

Тоа би значело дека ова засега останува само како идеја, на чија реализација ќе треба да се почека.

Претходна вестВодно треба да се штити со посебен закон, а не со одлуки
Следна вест„Жан Митрев“ денеска пријави 14 починати од ковид од минатиот месец – шест нови жртви вчера