Личните карти ќе важат и по истекот на наметнатиот рок, за пасошите се барало решение

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска, изјави дека личните карти, кои се за внатрешна употреба, ќе важат и по истекот на наметнатиот рок за нивна замена на 12 февруари, а за пасошите ќе се разгледаат сите опции.

Тој информираше дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено 1.200.000 пасоши во државата, што, според него, значи дека се работи со големо темпо.

– Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.

Колку ќе се побрза со решение околу пасошите останува да се види, особено што е нагласено дека тоа ќе се прави „доколку биде потребно“. Инаку, јавноста со месеци бара ултимативниот рок наметнат од Владата да биде оддложен, за да не се создаде хаос и понижувањата кои потоа дојдоа, но власта беше упорна и инсистираше омилениот нивен збор – северна – да се стави во сите лични документи до 12 февруари.

Претходна вестКазнет возач, на автопатот Велес – Неготино возел со 211 километри на час
Следна вестТасева: По такви лоши извештаи на Антикорупциска и Ревизија треба да паѓаат оставки