Тасева: По такви лоши извештаи на Антикорупциска и Ревизија треба да паѓаат оставки

Не е новина дека не се постапува по извештаите на Државниот заводот за ревизија и на Антикорупциската комисија, предупреди денеска претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева.

-По такви лоши извештаи треба да паѓаат оставки, функционерите да не се таму каде што се откако ќе добијат лош извештај. Не се постапува по извештаите на Државната комисија за спречување на корупцијата ниту во Владата. Колку прашања поставија за судир на интереси. Традиционален е проблемот со Јавното обвинителство. Тие го сметаат работењето на Комисијата како мешање во нивната работа, кажа Тасева.

Таа денеска ги презентира резултатите од Националниот систем на интегритет на Република Северна Македонија кој опфаќа анализа на 15 столба на интегритетот, кои ги вклучуваат Собранието, Владата, јавниот сектор, медиумите, Јавното обвинителство, судовите, службите за спроведување на законот, приватниот сектор, јавните претпријатија.

-Резултатите се речиси блиски, некаде идентични, некаде полоши со оние од 2016 година. Државниот завод за ревизија е повторно носечка институција, носечки столб, кој има најмногу интегритет, работи според правилата и законите. Вториот столб што има најдобар резултат е Државната комисија за спречување на корупцијата, која работи со недоволен капацитет од аспект на ресурси, но во другите делови имаат одличен резултат. Третиот е народниот правобранител. Јавното обвинителство, кое е едно од најслабо оценетите и има најслабо оценет столб, кој има 38,9 поени, и службите за спроведување на законот. Тука се и судовите, кои покажуваат многу слаби резултати и во однос на правилата за одговорност, отчетност и интегритет, но и од аспект во нивната улога во борбата против корупцијата, рече Тасева.

Претходна вестЛичните карти ќе важат и по истекот на наметнатиот рок, за пасошите се барало решение
Следна вестСопственикот на Фејсбук стана сточар, говедата ќе ги храни со макадамски ореви