Лицата во домашен карантин и самоизолација ќе гласаат на 16 октомври

Лицата кои се во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 или на оние кои им е определена мерка самоизолација ќе може да гласаат на ден пред денот на изборите, 16 октомври.

За тоа ќе бидат задолжени посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници, претседател и членови кои го спроведуваат гласањето на овие лица при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот одбор согласно одредби од Изборниот закони.

ДИК на денешната седница разгледа и усвои и упатството за пријавување и гласање на лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на ковид-19 и лицата на кои им е одредена самоизолација.

Граѓаните кои се со позитивен тест или се во самоизолација треба да достават известување до општинските изборни комисии преку полномошник или електронски до општинската изборна комисија најдоцна пет дена пред денот определен за гласање.

Претходна вестКако ќе изгледа гласачкото ливче за Скопје?
Следна вестИЈЗ: За 50 посто е зголемен бројот на заразени кај децата до 9 години