ИЈЗ: За 50 посто е зголемен бројот на заразени кај децата до 9 години

Во периодот од 13 до 19 септември годинава ИЈЗ регистрира намалување на бројот на заболени во сите возрасни групи, освен кај оние од 0 до 9 години, и тоа претставува зголемување од 50,5 отсто и од 10 до 19 години за 8,2 отсто.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, намален е и бројот на тестирани за 15,2 отсто во однос на минатата недела и изнесува 28.972, при што бројот на заразени е 3.340 нови случаи, што е во просек 11,4 отсто од бројот на тестирани.

Тоа, според ИЈЗ, е намалување од 3,7 отсто на бројот на новозаразени во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.669; 50,0%), a највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци – 280,8/100.000.

Поголем број од новозаразените се жени 1 745 (52,2%) , во споредба со 1 595 (47,8%) лица од машки пол.

Пријавени се 154 смртни случаи во 29 града во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје (70), Куманово (12), Струмица (8) и Тетово (8). Најголем број (n=123; 79,9%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години.

Според извештаите од болниците што пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, Институт за ТБЦ, Институт за физикална медицина и рехабилитација, УК Дерматологија, УК Токсикологија, УК ОРЛ, УК Неврологија, УК Кардиологија, ГОБ 8-ми Септември, КБ Штип, КБ Битола и КБ Тетово, ОБ Куманово, ОБ Прилеп, ОБ Велес, ОБ Струмица, ОБ Струга, ОБ Охрид, ОБ Гостивар, ОБ Кичево, ОБ Кочани, ОБ Гевгелија и ОБ Кавадарци, СБ за ТБЦ Лешок, КБ Систина), моментално се хоспитализирани 852 лица, а од нив 596 се на кислородна поддршка и 56 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Заклучно со 19 септември 2021 година, вкупно се регистрирани 522 реинфекции (една втора реинфекција).

Заклучно со 18 септември 2021 година, вакцинирани се вкупно 771.301 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19. Комплетно со две дози се вакцинирани вкупно 681 474 лица. Во Република Северна Македонија со една доза на вакцина против ковид-19 се вакцинирани 46,3 отсто од населението над 18-годишна возраст, односно 42,8 проценти од население над 12-годишна возраст. Опфатот со една доза на вакцина против ковид-19, на население над 18 годишна возраст, по ЦЈЗ/ПЕ се движи од 32,4 отсто на територијата што ја покрива ЦЈЗ Тетово/ ПЕ Гостивар до 64,7 посто во ЦЈЗ Велес/ ПЕ Неготино.

Според категоризацијата на ризикот и процената на ситуацијата, земајќи ги предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата, се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Претходна вестЛицата во домашен карантин и самоизолација ќе гласаат на 16 октомври
Следна вестРегистрирани 554 нови случаи на Коронавирус, пријавени се 17 починати лица