Љупчо Палевски-Палчо денеска попладне е спроведен во суд, пред судија на претходна постапка, за прв пат по бегството во Турција во рамки на истрагата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Силното полициско обезбеднување го споведуваше Палевски со наведната глава и врзан со лисици.
Присутните новинари му поставија неколку прашања: Дали тој ги сторил убиствата, дали ќе се брани со молчење.
Тој на овие прашања одговори негативно.
-Дали имате докази дека не сте сторител на убиствата на Вања и на Панче?, беше едно од прашањата на порталот Скопје1.мк
-Да, одговори кусо Палевски.
По ова новинарите прашаа какви докази има но тоа остана без одговор.
Љупчо Палевски е прво осомничен за грабнување и убиство на велешкиот фризер Панче Жежовски и малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје.
Фото: Принтскин снимка Скопје1.мк