Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, постигна 73 поени!

Лука Дончиќ со 73 поени го предводеше Далас до победа на гостувањето кај Атланта од 148-143, тоа беа најмногу поени за Словенецот на еден натпревар.

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ го имаше натпреварот на кариерата, Словенецот често има брилијантни партии, но овојпат се надмина себеси постигнувајќи фантастични 73 поени. Дончиќ беше незапирлив, покрај поените, имаше и десет скокови и седум асистенции.

Со ова фантастичниот Словенец им се приклучи на Вилт Чембрлен и на Коби Брајант, кои се единствено со повеќе поени. Центарот на ЛА Лејкерс во далечната 1962 година 100 поени против Њујорк, а Коби му даде 81 поен на Торонто во 2006 година во дресот на истиот тим. Третиот рекорд исто така му припаѓа на Чембрлен, кој постигна 78 поен против Лејкерси во 1961 година, а Дончиќ четвртото место на вечната листа на најдобри стрелеци во НБА лигата го дели со Дејвид Томпсон, кој во 1979 година исто така постигна 73 поени.

Во составот на Атланта најдобра беше Тре Јанг со 30 поени, имаше и 11 асистенции.

Интересно е што овие 73 поени Дончиќ ги постигна против Атланта, клубот кој можеше да го има Словенецот, но се одлучи да го трејдува и тој заврши во Далас, а тие го добија Јанг.

 

Претходна вестИзборно собрание на ДПМ, остана само еден кандидат за претседател
Следна вестВо Карпош се организираат бесплатни часови по фитнес и самоодбрана за жени