Лукашенко: Србија, БиХ, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина

Првиот човек на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека Србија, Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија ќе бидат вовлечени во НАТО според сценариото на Украина. Тој за ова зборувал на состанок со своите државни органи.

-Влезот на Финска во НАТО, а наскоро и на Шведска, е нова фаза на експанзија на исток. Алијансата ќе ги вовлече Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија и Србија. И сè ќе се одвива според украинското сценарио, рече Лукашенко на состанокот со раководството на државните органи на системот за национална безбедност.

Тој истакна и дека прогнозите се неутешни.

-Апетитите и активноста на колективниот Запад само ќе растат. Вашингтон и неговите сојузници ќе продолжат да го прошируваат НАТО. Ситуацијата е повеќе од поволна за нив. Отворено ќе кажам: речиси сите европски лидери се претворија во поданици на САД – ако погледнеме чија политика, чии интереси доминираат на територијата на Европската унија, оценил претседателот на Белорусија.

Претходна вестЗа 300 отсто поскапеа дел од катастарските услуги, за имотен лист наместо 1,250 денари, ќе треба да се плати најмалку 3.750 денари
Следна вестОгнен Стефановски собори државен рекорд стар 55 години, во скок со стап прескокна 3,65 метри