Мајка на четири деца од Косово убиена во Швајцарија, осомничен e сопругот

Швајцарската полиција објави дека жена со потекло од Косово (37) била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Вевеј, а нејзиниот сопруг е осомничен за убиство, пренесува Коха. Осомничениот маж (42) сам се пријавил во полициската станица во Берн, каде изјавил дека ја повредил сопругата во нивниот стан во Вевеј, пренесува порталот „Косово онлајн“.

Полицијата потоа отишла во станот и го пронашла мртвото тело на жената со видливи убодни рани.

Осомничениот, кој исто така е од Косово, е уапсен и приведен, а нивните четири деца биле испратени кај роднините.

Претходна вестРазбиена нарко-група во Германија и Белгија, уапсени 17 Албанци
Следна вестШишиња, лименки, конзерви извадени од Охридското Езеро