Мајки на деца до шест години на протест, Филипче знае дека не им е лесно

 

Мајките на деца до шестгодишна возраст за денеска најавија протест поради одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места. Имено, согласно владината одлука мајките треба да се вратат на работа на 23 септември. Тие барааат да бидат на продолжено породилно отсуство до крајот на годинава, бидејќи децата не им се запишани во градинка поради немање место.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак,смета дека тие треба да се вратат на работните места, и оти веројатно ќе живееме со вирусот и цела следна 2021 година.

– Ние ќе живееме со вирусот веројатно и цела следна 2021 година. Мора да се научиме да ги почитуваме превентивните мерки, протоколите коишто ги има за апсолутно сите економски оператори, угостителски објекти, компании, фабрики, училишта, градинки итн. Едноставно тоа ќе биде нашиот живот. Свесен сум за предизвиците со кои се соочуваат родителите во овој период. Знам дека не е лесно да се прилагодиме на сите промени и во работењето и во образовниот процес на своите деца. Но, оваа состојба ќе трае и ние мора да најдеме начин да го продолжиме и работењето и образованието на децата на нов начин. Тоа бара жртва и многу напор и за жал нема идеални решенија, рече Филипче.

Претходна вестСончево со умерен северен ветер
Следна вестЗголемена казната за убиецот на младиот кошаркар во Ново Лисиче