Сончево со умерен северен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер, најавуваат за денеска метеоролозите за скопското подрачје. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени.

На подрачјето на земјава, исто така, денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови на Македонија ќе има услови за крaткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Претходна вестИзраелските ѕвезди на класичната музика Шаровски и Акта, вечерва имаат концерт во Филхармонија
Следна вестМајки на деца до шест години на протест, Филипче знае дека не им е лесно