Израелските ѕвезди на класичната музика Шаровски и Акта, вечерва имаат концерт во Филхармонија

„Младост, среќа, иднина“ е насловот на вечерашниот симфониски концерт на Филхармонија. Солистка е Израелката Даниеле Акта, а диригент е маестро Јерухам Шаровски исто така од Израел.

Во биографијата на Шаровски е запишано дека е роден во Буенос Аирес и рано почнал да изучува музика, а потоа студирал флејта, контрабас, композиција и диригирање на Националниот конзерваториум за музика во својот град. Во раните седумдесетти години на минатиот век имигрирал во Израел, каде дипломирал на Академијата за музика „Рубин“ во Ерусалим под палката на проф. Менди Родан. Во 1990 година, Шаровски бил избран од славниот маестро Зубин Мехта да ја прими наградата „Млад артист на годината“, кога ја добил и привилегијата да диригира со Израелската филхармонија, како и со другите поголеми оркестри во Израел. Од 1998 до 2004 година, маестро Шаровски раководел и со Бразилскиот симфониски оркестар на Рио де Женеиро, со кој патувал на турнеи во Бразил и во Европа и снимил четири ЦД-иња. Тогаш Шаровски го формирал Младиот симфоники оркестар на Бразил, кој ќе стане еден од најпознатите ансамбли во земјата. Со Бразилскиот симфониски оркестар заминал на турнеја и во САД, кога во Централ парк во Њујорк и во Линколн центар одржал концерти пред 50-илјадна публика кои биле високо оценети од публиката и од критиката.

Претходна вестЌе сака ли Град Скопје вистински да лови загадувачи, наместо да лета дронови?
Следна вестСончево со умерен северен ветер