Ќе сака ли Град Скопје вистински да лови загадувачи, наместо да лета дронови?

Мерните станици не успеаја да ја дадат реалната слика за загадениот воздух во Скопје оти клучните, како таа во Лисиче, се расипаа и никогаш не се поправија. Дури и да беа од реална корист, вистински ништо не се направи на терен за да се намали загаденоста. Секогаш надлежните зборуваат за решенија кои не нудат подобрување, додека високите проценти на ПМ10 честички непрестајно ја потврдуваат тезата дека континуирано дишеме отровен воздух.

Последна солуција како идеја дадоа невладините организации. На пример, да се постават 100 сензори во Скопје кои точно ќе ги лоцираат загадувачите.
-Доколку имаше еден сензор во Лисиче, еден сензор во индустриската зона, првиот сензор кој ќе регистрира загадување и ќе се активира, значи дека првично од таму потекнува загадувањето па се проширува кон другите делови и другите сензори ќе го регистрираат истото, објаснува Горјан Јовановски, од „МојВоздух“.

На овој начин би се лоцирал точниот извор, па нема да може да успеваат оправдувањата како до сега на индустриските капацитети: дека работат по сите прописи, дека имаат филтри, дека се функционира, итн. Но, дали ќе постои волја кај Град Скопје за ваков потег, особено затоа што неодамна Градот најави дека со дронови ќе ги ловат загадувачите во Скопје. Сакаат ли фабриките да бидат „уловени“?

-Наместо пари за дронови и луксузни методологии кои нема нам да ни донесат поубав воздух, нека вработат инспектори кои вистински ќе казнуваат на терен, или нека ги послушаат невладините организации, коментираат скопјани.

Како и да е, времето минува, се ближи периодот кога загаденоста ќе кулминира секојдневно, во комбинација со ковид 19…Локалната власт и сите државни надлежни органи се на тест: ќе направат ли конечно нешто за почист воздух и подобро дишење следнава зима?

Претходна вестДвајца затвореници се обиделе да силуваат 19-годишен затвореник
Следна вестИзраелските ѕвезди на класичната музика Шаровски и Акта, вечерва имаат концерт во Филхармонија