Изложба и промоција на книгата на македонската алпинистка Илина Арсова вечерва во МКЦ

„П0вт0рн0 на 0“ е насловена изложбата на македонската алпинистка и уметница Илина Арсова што ќе биде отворена вечерва во МКЦ, истовремено со промоцијата на книгата „Планинарење“. Арсова за изложбата вели дека враќањето од Антарктикот на самиот почеток од годината и завршувањето на мисијата „7 врвови на 7 континенти“, го доживеала како огромно олеснување, и истовремено како високо креативна храна за ликовното творештво.
-Сликарството прочистено од боја и форма, го заокружи циклусот, враќајќи се до почетната точка на скица и цртеж. Ликовниот израз во последните години доби нови димензии преку нови современи практики. Како најсвеж концепт го заокружувам и перформансот НУЛА (ZERO), каде уметникот се претопи во ликовното дело, начнувајќи нови, подлабоки теми на истражување. Токму перформансот НУЛА (ZERO), на некој начин го повика, или предвиде новиот почеток, каде светот сериозно треба да размисли во која насока треба да го насочи својот нов почеток. Да заземе одговорна, самоодржлива улога со поголема свесност и грижа кон природата или онаа лакомата, манипулативна, профитерска насока која веќе се докажа дека води кон само уништување, вели Арсова.

Претходна вестДо вторник посвежо време со повремени врнежи
Следна вестМоже ли да се лечиш во ветени, а неизградени поликлиники?