„Македонци ќе ве убиеме“, „Голема Албанија“, антимакедонски пораки во центарот на Скопје (ФОТО)

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки се испишани на мостот пред Археолошки музеј. Овој мостот познат и како мостот „Око“ кој се наоѓа во центарот на Скопје.

Ова не е првпат да бидат осквернавени спомениците на во центарот на Скопје.

Во 2019 година беа осквернавени споменикот на Гемиџиите во Скопје како и мермерниот споменик на Јустинијан I кои се наоѓаат близу Камениот мост. Како и пешачкиот „Мост на уметноста“ кој го поврзува кејот со Археолошкиот музеј и Уставниот суд.

На сите страни од постаментот на Јустинијан I со црвен спреј е испишаno „ТКЗ“, кратенка од „Tifozat Kuq e Zi “, црвено и црни фанови, познат како Албански клуб за поддржувачи на националниот фудбалски тим.

Полицијата не ги пронајде тогашните сторители.

Претходна вестСе урива дивоградба во Инџиково, ќе се гради градинка (ВИДЕО)
Следна вестВчера имаше вкупно 19 пожари на отворено и сите се изгаснати до утрово