Македонци од Благоевград со тужба против Бугарија пред Судот за правда во Луксембург

Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград поднесе тужба против Европската Комисија до Судот за правда во Луксембург за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити Европското право на асоцијација и здружување. Тужбата е иницирана и организирана од организацијата Нов АСНОМ, а поддршка дадоа Македонското движење за човекови права од Торонто, Светскиот македонски конгрес – Канада, Симон Поповски, Иљо Јанев и многу други Македонци од цел свет.

Во тужбата од Судот за правда се бара да ѝ ги скрати на Бугарија сите финансии што доаѓаат од Кохезивниот фонд во висина од 1,467 милијарди евра сè додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, чија регистрација беше одбиена само затоа што е македонска.

Во 2022 година, Македонскиот клуб поднесе претставка против Бугарија во Европската Комисија за непочитувањето на европското право сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ кој е дел од Договорот на ЕУ. Европската Комисија се прогласи ненадлежна за овој случај сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во ЕУ членките, како Бугарија.

Оваа одлука за Македонскиот клуб за етничка толеранција беше неприфатлива, дека со оваа одлука ЕК го крши членот 317 од Договорот за функционирање на ЕУ кој кажува дека ЕК мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ.

Претходна вестЖени од Непал исчезнале во Охрид
Следна вестГи прашавме: Зошто треба токму вие да бидете избрани за претседател на Македонија?