Жени од Непал исчезнале во Охрид

На 20.04.2024 во 15:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.И.(24) од Охрид пријавил дека С.Ц.(41) и Л.С.(25), двете од Непал, кои биле вработени во негова фирма, се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Пред околу еден месец, нешто слично се случи и во Прилеп, кога повеќе вработени од Непал во позната фирма не се појавиле на работа, по што беа пријавени како исчезнати.

Претходна вестМилионер стана бездомник за да докаже дека може да почне од нула
Следна вестМакедонци од Благоевград со тужба против Бугарија пред Судот за правда во Луксембург