Македонија денеска ги чека противниците за новата сезона во Лигата на Нации

На нашите најдобри фудбалери им следуваат натпревари од Лигата на Нациите во вториот дел од оваа година. Од 18:00 часот денеска Македонија ќе ги добие противниците за групната фаза од Лигата на Нации која на програмата е во вториот дел од 2024 година.

Репрезентацијата на Македонија е дел од лигата „Ц“ и ждрепката ја чека од третиот шешир каде што се уште: Словачка, Кипар и Северна Ирска што значи дека овие селекции не можат да бидат во нашата група.

Од репрезентациите со кои можеме да се паднеме како најнепосакувани од првиот шешир се Романија и Шведска, потоа Косово од вториот и Белорусија од четвртиот.

Лигата на Нации започнува на 5. септември, а завршува 19. ноември, завршниот турни во А-лигата се игра од 4. до 8. јуни 2025. година.

Претходна вестВработените во Филхармонија со петиција бараат разрешување на в.д. директорот Лазаровски
Следна вестИталија планира затворениците Албанци да ги прати во Албанија