Македонија денеска избира претседател, 7 имиња се на гласачкото ливче

Во Македонија денеска се одржуваат седмите претседателски избори. Избирачките места се отворени и може да се гласа до 19 часот.

На претседателските избори учествуваат седум кандидати – пет мажи и две жени. Кандидати се актуелниот претседател Стево Пендаровски кој е поддржан од СДСМ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска која е поддржана од Левица, Максим Димитриевски од движењето ЗНАМ, Стевчо Јакимовски од партијата Гром, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Бујар Османи кој е поддржан од Европскиот фронт.

Иако е среда, Владата го прогласи денот на изборите за неработен.

Во избирачкиот список за претседателските избори се запишани 1.814.317 избирачи, а во странство ќе гласаат 2.569 гласачи со македонско државјанство.

Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за кога се закажани парламентарните избори.

Инаку, вчера, ден пред изборите можеа да гласаат вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во Казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и македонски државјани во странство.

 

Претходна вестСе степаа двајца скопјани по недоразбирање во сообраќајот
Следна вестЗа изборна победа во првиот круг потребни се најмалку 907.159 гласови