Македонската тениска репрезентација ги доби ривалите во Дејвис Купот или поточно за битките во Третата Европска зона во Улцињ.
Нашата селекција предводена од Горан Шевченко и тенисерите Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ ќе ги одмерат силите со Словенија (носител) и Црна Гора (домаќин).
Прв наш ривал ќе биде Црна Гора на која најдобро рангиран играч им е Резарт Чунгу.
Во Б групата пак се сместени Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово.