Македонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен

Тунел долг 6,4 километри заеднички ќе градат Македонија и Косово на новиот пат меѓу Тетово и Призрен. Договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен денеска потпишаа заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу.

Физибилити студијата покажа дека најоптимална е трасата која започнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска страна, а преку тунел ќе се поврзе со територијата на Република Косово.

-Поврзувањето со Косово ќе се направи преку изградба на тунел долг 6,4 километри, за што денеска го потпишавме овој договор меѓу двете земји. Избрано е најоптималното решение од причина што патниот правец минува низ ски центарот Попова Шапка, што е огромна предност за развој и зголемување на туризмот во овој регион. Ова е почеток на нов инфраструктурен проект кој несомнено ќе ја зацврсти нашата одлична економска соработка со Косово, изјави заменик министерот Беким Реџепи.

Министерот за животна средина и инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу истакна дека од косовска страна веќе се работи на патниот правец кој преку изградба на новиот тунел треба да се поврзе со Македонија.

Претходна вестПомош во дилемата на Ковачевски: Може ли МВР за еден месец да издаде над милион пасоши?
Следна вестЛевица предлага платено породилно отсуство за мајките земјоделки