Левица предлага платено породилно отсуство за мајките земјоделки

Од Левица предлагаат платено породилно отсуство за мајките земјоделки. Од партијата тврдат дека земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички и оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје.

– Овој закон ние го поднесовме на 6 април и речиси една година стои заглавен. За жал, во нашата држава само со притисок и пред избори работите се случуваат. Тргнувајќи од фактот дека правото на паричен надоместок за време на привремена спреченост за работа во согласност со законот е задолжително здравствено осигурување. Паричниот надоместок за привременото отсуство поради бременост, раѓање и мајчинство по својот социјален карактер е обврска на државата, вели пратеникот од Левицата, Борислав Крмов, за предлог-законот за здравствена заштита.

Покрај ова, како што додаваат од Левица, жените регистрирани како индивидуални земјоделки се исклучени од Законот за здравственото осигурување и не го добиваат ова фундаментално право.

– Земјоделките, де факто, се статусно дискриминирани во однос на другите работнички – оваа нееднаква социјална политика има сериозни последици врз нивното репродуктивно, психичко и физичко здравје. Заштита на мајките е фундаментално право, кое не треба да се заслужува. Извештајот на ЕК го нотира овој проблем во целост, да немаме дилеми, се наведува во соопштението од оваа партија.

Претходна вестМакедонија и Косово заеднички ќе го градат тунелот на новиот патен правец Тетово-Призрен
Следна вестЛазаров за претстојниот меч со Германија: Веројатно пак ќе играме „седум на шест“