Во екот на големите нервози и понижувања околу смената на личните документи, граѓаните ги споменаа во иронија и парите. Ама иронијата се базира и на реалност која ни ја наметнаа властите. Што со парите кои го немаат омилениот збор на власта – „Северна“?
Граѓаните слободно може и ќе може да ги користат парите на кои стои старото уставно име, вели во изјава за Канал 5, вицегуврнерката на НБРМ, Емилија Нацевска.
Согласно Преспанскиот договор дражавата има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија. Како што појаснува вицегувернерката Нацевска, со оглед на фактот дека земјава се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.
– Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарачкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите, изјави вицегувернерката Нацевска.