Македонија назадуваше на ФИФА листата

ФИФА ја објави најновата ранг листа на најдобрите светски селекции. Во однос на последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за две места. На листата, Македонија се наоѓа на 74.место.

Трите нерешени резултати, против Ерменија, Исланд и Романија во квалификациите за пласман на Светското првенство, придонесоа за падот на Македонија на листата.

Најдобро рангирана селекција во групата во која е и Македонија е Германија. Германците напредуваа на листата и сега се на 14.место, следуваат Романија (42), Исланд (60), Ерменија (89) и Лехтенштајн (188).

Во Топ 10, најголемата промена е пласманот на Франција. Фрунцузите од второто паднаа на четвртото место. Пред нив се Белгија, Бразил и Англија. Во Топ 10 се и Италија, Аргентина, Португалија, Шпанија, Мексико и Данска.

Претходна вестВардар со реми во Норвешка, пропуштен напад за победа над Елверум
Следна вестНе требаaт ли нови лица во Комисијата за заразни болести?