Не требаaт ли нови лица во Комисијата за заразни болести?

Македонија е во грч поради пандемијата. Македонија е во грч поради големата смртност од вирусот, како и од пренатрупаноста на болниците. Така е веќе подолго време. Зошто не се успеа да се ублажат последиците? Зошто Македонија е меѓу првите земји во светот по смртност од вирусот?

Надлежните здравствени власти деновиве повторно најавија дека доколку е потребно ќе се воведат нови превентивни мерки против се поголемото ширење на новиот сој на корона вирусот. Какви, мерки се предвидува не беше кажано. Но, станува некажано и дали мерките ќе бидат навремени. Кога се очекуваше, а многумина и опоменуваа дека почнува четвртиот бран, навремена реакција немаше. Пикот на вирусот донесе бројка на заразени на преку 13.000, а на починати преку 500 граѓани. Се покажа дека превентивните мерки мораа да се заострат во текот на август годинава кога се дозволи одржување на свадби, забави и други масовни собири на граѓаните. Но, тоа не се стори и последиците дојдоа во овој период.

Проблем има и околу протоколот за лекување на пациенти заболени од вирусот. Всушност го има ли воопшто тој протокол или не? Добро ли се направени координациите на матичните лекари со пациентите и со секундарното здравство?

Познато е, од почетокот на пандемијата Комисијата за заразни болести работи во горе-долу истиот состав на чело со епидемиологот д-р Жарко Караџовски. Барања за кадровски промени во Комисијата, нејзиното проширување со други лица до сега имаше повеќе. Сето ова го поставува прашањето: зошто до сега не се случуваат никакви промени во Комисијата? Зарем навистина нема потреба од вклучување на нови кадри кои во јавноста се докажаа со добри совети во екот на пандемијата?

Познатиот професор и инфектолог Вело Марковски во една прилика во медиумите и соопшти дека властите се затворени за совети и консултации од други доктори кои си ја знаат работата. Дури им била и понудена соработка со цел подобро справување со пандемијата, но тоа останало без одговор. Треба ли уште да биде така?

На ова треба да одговори првенствено министерот за здравство Венко Филипче кој сега е под оставка, а потоа и други надлежни фактори. Секој добар совет од добри експерти треба да се прифаќа, а уште подобро е таквите експерти да бидат вклучени во тимот. Се заради доброто на пациентите!

 

Претходна вестМакедонија назадуваше на ФИФА листата
Следна вестПриведен тетовец за фалсификување пари