Македонија нема пари за џаболебари: Парламентот да се скрати за 30 пратеници, а Владата за 4-5 министерства

Се ближат претседателските и парламентарните избори. Многу незавршена работа остана од актуелниве функционери. Една од нив е да се намали – реформира администрацијата, да се намалат многуте државни институции кои и самите не знаат што им е задачата, да се намалат управните одбори…

Инаку, ако се почне од главата на државното тело, прво што е ептен видливо е дека во Македонија има и премногу пратеници и министри. Ем се и нефункционални, ем се и прескапи.

Зошто парламентот не би бил составен од 80 до 90 пратеници? Што фајде видовме што сега се 120? Многу поплодни дискусии и закони и правила и… има ако се многу? Вака бројни ја поведоа земјата кон подобра иднина?

Ако во Македонија се намалува населението – за што покажа и последниот попис зошто да не се намалат и пратениците кои го преставуваат населението во Собранието? Според последниот попис во земјава има помалку дури 185.834 жители. Тоа е скоро 200.000 лица помалку ќе го полнат буџетот од кој дебели плати примаат пратениците.

Словенија е слично голема како и Македонија. А многу побогата е. Таму имаат парламент составен од 90 пратеници.

Кај нас пренатрупаноста е и со министерства. Во Владата се измислија секакви министерства само за да се задоволат партиските апетити и некои лица да имаат големи канцеларии каде играат фудбал и од каде се договараат разни зделки…

Во македонската влада нема само уште министерство за ланскиот снег. И замислете сите тие многубројни министри имаат и заменици, помошници…

Зошто власта до сега не ја сведе Владата на помал број на членови? Сигурно ќе се функционира подобро без 4 до 5 министри и министерства. Па и нели ќе штедеа?

Властите имаат уште време да реагираат и да ги поправат работите, онака брзо како што си средија и за повисоки плати.

Македонија нема повеќе пари за џаболебари!

 

Претходна вестЛевица: Граѓаните се жртви на самоволието на ЕВН, постојано се зголемува цената на струјата
Следна вестВо Кавадарци ќе се градат фонтани во чест на Сашко Гешовски, првата жртва при распадот на Југославија