Левица: Граѓаните се жртви на самоволието на ЕВН, постојано се зголемува цената на струјата

Граѓаните се жртви на самоволието на ЕВН, а тоа се гледа со постојаното покачување на цените на електричната енергија. Една од клучните заложби на партијата Левица ќе биде враќање на електродистрибутивната мрежа во рацете на државата, бидејќи претставува стратешка гранка во било која земја, како и во земјите во ЕУ

Граѓаните во континуитет се жртви на самоволието на ЕВН, преку постојано покачување на цените на електричната енергија и монополот кој го поседува оваа компанија на македонскиот пазар. Дополнително, од профитерското работење на ЕВН се жалат и граѓаните и фирмите кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија како фотоволтаични централи.

Според нашите информации, компанијата ЕВН вишоците ги откупува по минимална цена од 0,46 денари за киловат, а за потрошената енергија од ЕВН им наплаќа по 11,05 ден за киловат плус транспорт, што е за дури 24,5 пати поскапа продадената енергија во однос на откупената од нив.

Коренот на проблемот започнува со продажбата и приватизацијата на електродистрибутивната мрежа од страна на владата предводена од СДСМ во 2006 година. Договорот кој беше вреден 225 милиони евра сè уште е тајна, а се шпекулира дека австриската компанија сè уште ги нема исполнето условите кои македонската влада ги има поставено. Приватизацијата на стратешките гранки се покажа погубна, цехот го плаќа осиромашениот народ, додека екстра профитот се изнесува во други држави.

Енергетската криза стана бонбона-бизнис за семејствата на Заев и Ковачевски, кои се силно навлезени во енергетскиот сектор. Оттука, јасно е зошто нема политичка волја кај владејачката елита да се спротистави на бизнис-интересите во овој сектор, од кој токму тие профитираат.

Една од клучните заложби на  е враќање на електродистрибутивната мрежа во рацете на државата, бидејќи претставува стратешка гранка во било која земја, како и во земјите во ЕУ. Само на овој начин, може да се спречи мегаломанското богатење на приватни компании врз грбот на осиромашениот народ – преку бескруполозна експлоатација на националните богатства, се вели во реакцијата на полтичката партија Левица.

Претходна вестГерманија ја олеснува депортацијата на мигрантите
Следна вестМакедонија нема пари за џаболебари: Парламентот да се скрати за 30 пратеници, а Владата за 4-5 министерства