Мото клуб „Вепар“ организира бавна трка: Победник е оној кој ќе биде последен!

Трки на моторџии во кои победник ќе биде оној кој последен ќе стигне на целта в недела организира скопскиот мото клуб „Вепар“. Се работи за традиционален настан и дел од кампањата којашто ја води овој клуб под мотото „Не е се во брзината“ и чија цел е сите управувачи на мотори да стигнат до целта со мала брзина. Односно, да се покаже дека забавата е и во малите брзини.

-Главната точка на оваа манифестација е бавната трка од едуктивен карактер која има за цел да ја подигне свеста на сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, укажувајќи на потенцијалната опасност од управување со голема брзина, се наведува во соопштението на клубот.

Трката ќе се одвива пред просториите на клубот на булеварот „Илинден“ број 140, веднаш после бензинската пумпа на Макпетрол и БМВ сервисот.во Скопје. Има 4 категории: Мотоцикли до 50 цм3, Мотоцикли од 51 до 500 цм3, Мотоцикли од 501 цм3 до 1000 цм3 и Мотоцикли поголеми од 1000 цм3

Трката ќе се одвива на начин на кој истовремено ќе се натпреваруваат по двајца учесници по систем на елиминација при што победникот продолжува со натпреварување, а победник е оној кој поспоро ќе стигне до целта.

Правилата предивидуваат учесникот да не смее да испадне од одбележаната траекторија, да не смее да допре со нога на земја (со самото допирање се елиминира од трката), а побендик е оној кој последен ќе ја помине целта е победник.

Сите заинтересирани за учество во мото трката Бавна Трка Вол. 6, можат да се пријават на штандот пред патеката во просториите на клубот, помеѓу 10 и 11.30 часот на денот на настанот. Учеството е бесплатно.

Агенда:

– 10:00-11:30 часот- Пријавување

– 12:00 часот- Официјално започнување на трката

– 14:00 часот- Почеток на забавна програма со музика, скара, пивце и дружба.

– 19:00 часот- Затварање на настанот.

 

Претходна вестЗапочна копнената офанзива во Газа
Следна вестДвајца македонски државјани вмешани за убиство на жена во Белгија, телото на жената било фрлено во близина на граница