На нешто повеќе од 6 месеци до почетокот на новиот ракометен мундијал, Интернационалната ракометна федерација денеска го објави составот на шеширите за претстојната ждрепка.
Македонија е дел од селекциите кои ќе бидат дел од престижниот мундијал, ја очекува ждрепката од третиот шешир, а истата е закажана за 29. мај во Загреб.
Избраниците на Кире Лазаров нема да бидат во иста група со Катар, Полска, Аргентина, Бразил, Куба, Јапонија и Алжир, а шампионатот ќе се игра меѓу 14 јануари и 2. февруари, со што првпат кодомаќини ќе бидат три земји.
Натпреварите во Норвешка ќе се играат во Баерум, каде е закажано финалето, во Данска ќе се игра во Хернинг, додека Хрватите ќе бидат домаќини во Загреб, Пореч и Вараждин.