Македонија од вториот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за ЕП 2026

Во Копенхаген на 21. март ќе биде извршена ждрепката за квалификациите за Европското првенство кое во 2026 година ќе го организираат Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија противниците во квалификациите ќе ги чека од вториот шешир и тоа ни дава можност за нешто полесна група, а со тоа и поголеми шанси за учество на уште едно големо натпреварување.

За своето место на Европско првенство ќе се борат 32 репрезентации, домаќините Данска, Норвешка и Шведска веќе имаат обезбедено место, исто како и европскиот шампион Франција. Квалификациите ќе се играат во осум групи со по четири репрезентации. Пласман на собирот на најдобрите европски селекции обезбедуваат двете првопласирани репрезентации од секоја група.

Заедно со Македонија во вториот шешир се уште: Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови и Грција, тоа значи дека овие репрезентации не можат да бидат во нашата група.

ШЕШИР 1: Германија, Шпанија, Унгарија, Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Холандија

ШЕШИР 2: Македонија, Австрија, Црна Гора, Србија, Полска, Чешка, Фарски Острови, Грција

ШЕШИР 3: БиХ, Словачка, Белгија, Швајцарија, Романија, Литванија, Украина, Италија

ШЕШИР 4: Финска, Израел, Естонија, Грузија, Турција, Луксембург, Косово, Летонија.

Претходна вестСе продава хотел Југославија, еден од симболите на поранешната држава
Следна вестДенес ќе се одбележи Меѓународниот ден на мајчиниот јазик