Македонија одигра храбро, но загуби од Шпанија

Женската репрезентација на Македонија го загуби и вториот меч против Шпанија во квалификациите за Европското првенство кое е на програмата оваа година во месец ноември и декемеври во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Нашата селекција денеска се прикажа во подобро светло, издание од првиот дуел во Скопје (31:19), но и тоа не се покажа како доволно за позитивен резултат, односно само го поправивме впечатокот со пораз од 24:20.

Избраничките на Кристијан Грчевски рамноправно прво полувреме во Лансароте кое му припадна на фаворитот со минимални 10:9. Во вториот дел домаќинките беа подобри, поквалитетни и имаа апсолутна контрола како на резултатот така и на играта и дојдоа до четвртото славје во исто толку средби во групата 5 во која се уште Литванија и Азербејџан.

Кипријановска и Маџовска со по три гола беа најефикасни во нашиот табор.

Претходна вестГрадското собрание не е конституирано, во Белград ќе има нови избори
Следна вестБез вода дел од корисниците од неколку улици во Центар