Темно Режим Светло Режим

Македонија се спаси од пораз против Естонија

Македонската фудбалска репрезентација само три дена после пласманот во бараж финалето за пласман на ЕП не успеа да ја победи една од најслабите европски селекции, па вечерва се спасуваше од пораз и успеа да се избори за бод (3-3) во Талин против Естонија во третото коло од Ц-дивизијата во Лигата на нации.

Наместо лесна победа, особено откако со автогол на Мартен Куск поведовме, успеавме да се доведеме во ситуација да се тресеме и за бод, па дури во 87-та минута од мечот „спасивме“ еден бод. Да потсетиме балтичката селекција во минатите квалификации даде едвај два гола на осум меча, а во оваа сезона во Лига на нации немаше ниту еден во два меча.

Сепак останува впешатокот дека македонските репрезентативци се добро уиграни и да сде надеваме дека ова е само еден слаб ден и дека веќе на наредниот натпревар ќе се вратат во својот добар ритам на кој не навикнаа нас љубителите на фудбалот.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Седуммина починати и 383 нови случаи на корона вирус во Македонија

Следниот Пост

Пендаровски пак повика на помирување и обединување, а работи ли на тоа?