Со победа од 29:28 (16:16) против Швајцарија, петти триумф во шест квалификациски меча, македонската ракометна репрезентација под водство на селекторот-ракометарот Кирил Лазаров ги комплетираше настапите на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.
По две победи над Финска и Швајцарија и со победа и пораз над светскиот шампион Данска, иако се покажаа многу недостатоци од најдобрите македонски ракометари, сепак, мораме да бидеме задоволни од учинокот, под водство на новиот селектор.
Како и против Финска, Лазаров беше и најефикасен на теренот со шест гола, колку што постигна и Филип Кузмановски, додека четири уфрли Гоце Георгиевски.