Проектот „Македонисимо“ посветен на македонскиот народ основан од нашиот меѓународно истакнат пијанист Симон Трпчески ќе биде премиерно изведен вечерва во Виена.Трпчевски и пријателите ќе ја изведат „многу македонски“ во најпрестижната светска концертна сала „Музикферајн“ со почеток во 20 часот.
Во аранжман на композиторот Панде Шахов, квинтетот во чиј состав се и Александар Краповски, Александар Сомов, Хидан Мамудов и Влатко Нушев ќе бидат изведени бисерите на македонската традиционална музика заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар, под диригентската палка на Јутака Садо од Јапонија.
Проектот „Македонисимо“ е комплетна идеја на Трпчески, која има за цел да ја промовира макеонската музика секаде низ светот. Прв пат премиерно беше изведен на 18 мај 2017 година, на фестивалот Лудвигсбург, Германија.