Македонка е убиена во Германија

Кавадарчанката која сопругот ја уби во Германија, ќе биде погребана утре.

Уште едно убиство на македонски државјанин се случи во Есен. Сопругот пред очите на нејзиниот осумгодишен син до смрт ја избодел 41 годишната жена. Таа искрварила до смрт.

Постариот син (16) ја известил полицијата за убиството. Кога дошол дома околу 19 часот, неговиот помал брат стоел пред заклучената врата од станот. Тој бил вознемирен и раскажал дека мајка му е внатре и лежела на подот повредена.

Полицајците кои пристигнале ја пронашле жената облеана во крв во станот во областа Креј. Лекарот од итната медицинска помош и болничарите се обиделе да ја реанимираат мајката, но залудно.

Претходна вестСлавески до Арсовска: Доколку биде доставена предлог-Одлука со која од буџетот на Град Скопје би се донирале средства за Леонид ќе закажам вонредна седница
Следна вестЖртва на тешка измама: 52-годишна охриѓанка со финансиска загуба од 5 илјади евра – уплатила за работа во странство преку оглас за вработување!