Трендот на намалувањето на бројот на работниците во индустријата, а пораст во администрацијата никако да се смени. И денешните податоци на Државниот завод за статистика го потврдуваат тоа.
–За 4,7 проценти е намален бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ август 2020 година во однос на периодот јануари ‒ август 2019 година, додека во август 2020 година во споредба со август 2019 бележи пад од 5,1 отсто, соопшти денеска ДЗС.
Најголемо опаѓање имало во секторот за трајни производи за широка потрошувачка 6,7 отсто и Капитални производи – 6,1 процент.
Минатата 2019 година, бројот на работниците во индустријата во јули е намален за 2,5 отсто во споредба со истиот месец 2018 година, а во првите седум месеци бил помал за 1,2 отсто во однос на истиот период од прекланската година.
Наспроти ова, податоците за бројот на вработените во јавниот сектор во државата што ги објавува Министерството за информатичко општество, а што ги пренесуваме, покажуваат обратен тренд: во 2019 година плата од државен буџет примале 132.900 вработени, во 2018 – 132.068, во 2017 – 128.722 вработени…
Дали овие податоци загрижуваат некого во Владата?