Бранот пак силно замавна: 194 новозаразени, двајца починати од вирусот

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, Пробиштип-3, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-5, Кичево-2, Неготино-1.

Во болнички услови се починати 2 пациенти од Прилеп (80г) и Велес (54г), се наведува во информацијата на Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 158 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17977, бројката на оздравени пациенти е 14959, на починати е 739, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2279.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 2 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца  и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 29 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 175, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Претходна вестБешлиовска: Треба некој да се запраша зошто ние медицинските сестри сме незадоволни, ќе има уште заминувања
Следна вестМакедонска работа: Бројот на работниците во индустријата опаѓа, во администрацијата расте