Бешлиовска: Треба некој да се запраша зошто ние медицинските сестри сме незадоволни, ќе има уште заминувања

Ако не се реши статусот на медицинските сестри, ќе имаме уште поголем одлив по пандемијата, а проблемите не се решаваат со индивидуални примери, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на „За нас“, здружението на медицински сестри, техничари и акушерки. Таа реагира на случувањата околу најаветниот отказ koј го дадоа три месицински сестри од Инфективната клиника, а со кои утринава министерот за здравство Венко Филипче имаше средба.

– Ќе имаме вакви случаеви многу, ако не се реши статусот. Ќе заврши пандемијата, ние ќе се сретнеме со уште поголем одлив. Нашите информации во моментов говорат дека голем дел веќе полагаат завршни испити во соседните земји и само чекаат крај на пандемијата и да си заминат. Треба некој да се запраша зошто ние медицинските сестри сме незадоволни. Ова не е нешто што се случува само сега во време на пандемија, ова е децениски проблем. Да немате дефиниција за сопствената работа. Тоа значи дека сестрите не си ги знаат своите задачи. И на тој начин не треба да барате одговорност од нив, потенцира Бешлиовска.

Да потсетиме, Филипче, денеска по утринската средба, најави дека проблемот на трите сестри ќе се решава по нивното враќање од годишен одмор. На ова реплицира Бешлиовска:

– Со индивидуални примери не се решава проблемот на медицинските сестри. Светската здравствена организација веќе ги даде насоките и инструкциите за тоа какви услови ни се потребни. Бараме да бидат слушнати нашите понуди за решенија. Во моментов на сестрите им е забрането да се пензионираат до декември, а за тоа имаме јавувања со поплаки од цела Македонија. Не водат како „други здравствени работници“, во концесионерството исто така имаат нерешен статус и остануваат без работа. Јас се надевам дека ќе бидат разгледани нашите решенија, незадоволствата не се само од типот на коефициентите за плати и непризнаеното образование, додаде Бешлиовска.

Претходна вестКонечно Царовска потврди дека утре почнува школската година
Следна вестБранот пак силно замавна: 194 новозаразени, двајца починати од вирусот