Темен режим Режим на светлина

Тешко ја повредил сопствената мајка тепајќи ја во семејниот дом

Насилник ја претепал сопствената мајка. Имено, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 47-годишниот В.С. од Скопје, поради обид за убиство.

Како што информираат од МВР, на 21 февруари годинава во семејниот дом пријавениот ја нападнал својата мајка А.С. и ѝ нанел тешки повреди, доведувајќи ѝ го животот во опасност.

Полициски службеници извршиле увид на местото на настанот и во координација со Јавен обвинител пријавениот бил уапсен, спроведен и хоспитализиран во Психијатриската болница – Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Хаварисаните возила нема да се депонираат во Драчево, ќе ги отстранува пајак-службата на Центар

Следна објава

Регионот во училиште, a Македонија во бунило ја стартува учебната година