Темно Режим Светло Режим

Македонската кошаркарска репрезентација отпатува за Талин

 

Македонската кошаркарска репрезентација рано наутро, во шест часот тргна на пат кон Талин, градот домаќин на ноемвриските квалификации за местото на ЕП.

Нашата експедиција со автобус ќе стигне до Софија од каде ќе лета за Франкфурт. Преку германскиот град со нов лет ќе пристигне во Талин некаде пред полноќ.

Advertisement

Кошаркарите ќе минат пат од 16 часа, но ќе имаат доволно време за одмор и подготовка за дуелите. Првиот меч го играме на 28. ноември против Италија, два дена подоцна ќе се сретне со Естонија.

Во составот ќе ги имаме и капитенот, Војдан Стојановски и новиот Американец, Џекоб Вајли. Тодоров замина со промени во стручниот штаб, без Никола Василев, кој поради позитивен случај во својот тим мораше да замине во изолација, и без Ѓорѓи Кочов кој остана во Скопје.

Македонија има два порази во квалификациите, од Естонија дома и Русија на гости.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Охриѓанка тешко повредена при пад од велосипед

Следниот Пост

Министерката Царовска праќа прашалници до учениците, родителите...