Голем успех постигнаа млади македонски математичари на Балканската математичка олимпијада што се одржува во Турција. Тие освоија вкупно шест медали: еден златен, еден сребрен и четири бронзени.
Златен медал освои Никола Спировски, сребрен Дамјан Давков, а бронзени Јан Стојановски, Алексиј Тасиќ, Никола Цветановски и Алек Танаскоски.
Олимпијадата стартуваше на 8-ми мај во Анталија, Турција. На годинешната БМО, покрај 11-те официјални репрезентации, учествуваа уште 12 гостински репрезентации. Нашата земја учествуваше по 30-ти пат, и ја претставуваа: Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски, Никола Цветаноски, Никола Спировски и Алек Танаскоски.
Водач на тимот бил Никола Велов, заменик водач Петар Филиповски, а обзервер Никица Давкова. На ланската Олимпијата беа освоени четири медали.