Непознато е каков сој на корона вирус има македонски војник кој се транспортира од Африка за да пристигне на лекување во Македонија. Во базата каде што престојувал немало услови за лекување па било решено да се префрли во Скопје, на Клиниката за инфективни болести. Веста за ова ја објави порталот Фокус.мк, а ја потврди и министерот за здравство Венко Филипче.
Филипче истакна дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.
– Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи, но пациентот ќе биде сместен во изолација, изјавил Филипче за „„Фокус.мк“.
Инаку, африканскиот сој на корона вирусот е еден од најразорните мутации на основниот Ковид-19.