Сончево со температура до 28 степени

На скопското подрачје времето денеска ќе биде ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 28 степени.

Времето во останатиот дел од Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Попладне во планинските подрачја на северозапад ќе има услови за ретка појава на дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 11 степени, а дневната од 24 до 29 Целзиусови степени.

Утре времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен јужен ветер. Околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Претходна вестИзложбата на домашни и странски автори „Голем формат II” во Музеј на современа уметност
Следна вестМакедонски војник со тешка состојба поради ковид-19 се транспортира од Африка на Инфективна во Скопје